Николовски: Ќе побарам оставка од директорката Димова, ако не поднесе, ќе ја разрешиме

„Нема недопирливи, и не треба да има“, рече Љупчо Николовски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој ова го кажа, коментирајќи за Лидија Димова, директорката на Националната агенција. Тој ексклузивно вечерва кажа дека ќе бара оставка од Димова, а ако тоа не се случи, тогаш ќе биде разрешена.

„Не сакаме да оставиме никаков сомнеж. Затоа јас ќе побараме од Димова да поднесе оставка. Ако тоа не го стори, тогаш ќе ја разрешиме“, рече Николовски кој тоа го најави за вторник.

Од Димова претходно побара оставка и ВМРО-ДПМНЕ. Таа на прес-конференција во вторникот објаснуваше за скандалите со европските пари.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното