Она што ТВ21 го пишуваше дека фирмата блиска до сопругот на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска беше повлечена од листата на субвенции од Владата, го потврди и Љупчо Николовски.
Се вчитува...
Тој вечерва во ТВ21 во „Клик Плус“ го потврди тоа, и кажа дека и покрај тоа што фирмата ги исполнувала сите услови, сепак, не е етички и морално.
„Владата одлучуваше за доделување на финансиска поддршка. Апсолутно во тој правец и министерката Шахпаска, сама реагираше, и јас реагирав како вицепремиер, за да имаме кристално чиста и јасна состојба. Иако многу апликантни ги поминаа сите фази, не е етички и не е морално во овој случај“, рече Николовски.
.
