Николовски со владин тим во Битола: Владата финансиски ќе им помогне на граѓаните што претрпеа штети од земјотресот во Битола

Денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на владината Комисија за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди, Гоце Георгиевски во Битола одржаа координативен состанок со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски во врска со состојбата од настанатите штети од земјотресот во Битола.

Вицепремиерот Николовски изјави дека Владата на вчерашната седница донесе повеќе заклучоци за заеднички да им се помогне на граѓаните кои претрпеа штети од земјотресот во Битола.

„Институциите мора да работат во служба на граѓаните, затоа сите правни, легислативни инструменти и механизми коишто законите ги даваат низ постапките и процедурите треба да ги спроведеме час поскоро се со цел да бидат работите вратени во нормала. Владата изрази целосна подготвеност да што побрзо бидат санирани сите штети, особено во јавните институции кои се важни за сите граѓани, за да може клиничката болница, останатите здравствени установи, образовните институции и градинките да функционираат. Во оваа прилика ја изразуваме целокупната поддршка да овој процес и низ овие маки и проблеми коишто ги осетија битолчани да знаат дека институциите, општината, Владата сите заедно стојат на иста страна со граѓаните и дека сето ова ќе биде надоместено од страна на општината и Владата“, изјави заменик-претседателот на Владата Николовски.

Формирана е Комисија за проценка на штетите согласно Законот за заштита и спасување. Министерот за локална самоуправа Милевски изјави дека планирано е да се подели целиот процес за начинот на помош на два дела.

„Едниот дел е брза санација на јавните институции, бидејќи неопходно е болницата веднаш да се стави во функција, и независно што градинките и училиштата се под локално ниво сметаме дека ние треба целосно да го финансираме тоа реновирање и битно е Комисијата и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија да дадат што е можно побрзо проценка за да може брзо да се интервенира со финансиски средства од страна на ресорните министерства“, изјави министерот Милевски.

Рокот за пријавување на штетите од страна на граѓаните е до 26-ти јануари. 
Градоначалникот Коњановски го поздрави присуството на владината делегација и стручниот тим од Владата и порача дека „Се информиравме меѓусебно за активностите кои ги презеде општината и формирањето на Комисијата за проценка на штетите од земјотресот и Кризниот штаб кој заседаваше. Од страна на министрите, зедоа обврска дека ќе помогнат, се согласивме дека заеднички треба да се делува и дека ќе помогнат во делот на нивните ингеренции“.

Во рамки на посетата на Битола, владиниот тим ги посети и дел од локациите кадешто се предизвикани штети од земјотресот.

Поврзани вести

Премиерот Ковачевски ја предводи владината делегација во официјална посета на Бугарија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска заминува за Софија каде ќе ја предводи владината делегација во дводневна официјална посета на Република Бугарија во чии рамки е предвидено и...

Има 51 година и тело како девојка: Ова е вежба за совршена форма во која се колне Меланија Трамп!

Меланија Трамп, за време на поголемиот дел од претседателствувањето на нејзиниот сопруг, остана една од најприватните први дами на САД. Секогаш беше таква, речиси не пушташе некој во многу зафатениот живот на...

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“.

Благо намалување на нивото на реките, водостојот на природните езера ист како вчера

 Водостоите кај дел од реките во земјава се над просекот за јануари, но бележат благо намалување во споредба со вчера. За разлика од нив, резултатите од последните мерења направени од Управата за...

Најважното

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на...

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија.

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал...

Еве каква временска прогноза не очекува во следните денови

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните...