Иако беа номинирани, сепак, премиерот на нашата земја Зоран Заев и екс претседателот на Владата на Грција Алексис Ципрас, не ја добија Нобеловата награда за мир. Таа замина во рацете на Абиј Ахмед Али од Етиопија.
Комитетот му ја додели оваа награди како резултат на „напорите да постигне мир и меѓународна соработка и решителност да го реши граничниот конфликт со Еритреја“.
Ахмед на својата нација и дал надеж после 20 години конфликт, и објавил војна на корупцијата, работејќи и за поголеми права на жените во Етиопија, стои во соопштението на Комитетот.
