Во месец декември кога се празнуваат новогодишните празници, граѓаните имаат зголемени трошоци за храна и пијалаци. Колку тоа ги удира по џебот граѓаните? Прашавме неколку граѓани како се справуваат со трошоците и цените на производите. Некои од нив ни рекоа дека треба да се скрати од нешто друго за да се купи храна за празниците.
Според Државниот Завод за статистика, просечната плата исплатена како нето, во септември 2018 изнесувала 24 355 денари. Инаку, пред неколку дена во нашата земја поскапе цената на лебот за 10%. Причината за ова поскапување според пекарите, е поскапувањето на пченицата и брашното, бидејќи пченицата во земјава е изжнеана само 40%. Индексот на трошоци за живот во ноември 2018, за разлика од ноември 2017, е зголемен за 1,2%, а индексот на цените забележал мал раст од 1,9%.
РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ
