Ниту еден кандидат Албанец за ОТА, пратениците бараат поништување на конкурсот

Ниту еден Албанец не се пријавил на последниот конкурс во Оперативно техничката агенција. Според објавениот конкурс во овој одделот за следење на комуникациите, телото треба да брои 7 члена, од кои тројца експерти и тројца претставници од невладиниот сектор со искуство од областа на правдата, телекомуникациите и информатичката технологија или одбраната на основните човекови права, безбедноста и одбраната. Бидејќи немало ниту еден пријавен Албанец на конкурсот, пратеникот на Движење Беса, Африм Гаши побара поништување.

“Важно е да се почитува критериумот за застапеност на етничките заедници, ако излеземе со овој состав без ниту еден претставник од другите етнички заедници во државава, навистина ќе покажеме лоша пракса и мислам дека се крши уставната норма за фер застапеност. Затоа, мислам дека во овој момент сите треба да внимаваме, ако може овој конкурс да се поништи и да има нов“, вели Африм Гаши од движењето Беса.

Поништување побара и пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими.

“Барам оваа точка од дневниот ред или доколку нема консензус од сите пратеници да се поништи конкурсот и да се објави нов. Од причина што немало интерес или известување од претставници или невладините организации или граѓани, да се пријават на овој конкурс, или да се одложи на некоја друга седница доколку нема консензус, или да се поништи“, вели Ејуп Алими од ДУИ.

Пратеничката Ивана Туфекџиќ, побара од СДСМ најпрво да се направи делумен избор на 4 од 7 потребни кандидати, а конкурс да се објави само за тројца други. Претседателот на Комисијата за Илија Димовски рече дека на поништениот конкурс според одлуката на Парламентот на 18 октомври 2018, се пријавиле вкупно 8 кандидати од кои 7 ги исполнувале критериумите. Меѓу 8-те кандидати кои се пријавиле на огласот, бил професорот Гордан Калајџиев, потоа Катерина Крстевска Савовска и поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска. Поради поделените ставови,членовите на Комисијата се согласиле дебатата за оваа точка да ја одложат за следниот понеделник.

РЕПОРТЕР ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21