Македонија

Ноќна драма во Аеродром: Изгореа три автомобили на паркинг

Ноќна драма во Аеродром: Изгореа три автомобили на паркинг

Три патнички возила беа зафатени во пожар што избувна синоќа по полноќ на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во населбата Аеродром.

Според информациите од МВР, огнената стихија започнала во 00:13 часот во возило „сеат леон“, сопственост на 48-годишниот С.Д. од Скопје. Огнот брзо се проширил, оштетувајќи уште две соседни паркирани возила: „хјундаи“, сопственост на 74-годишен скопјанец и „опел мерива“, сопственост на лице од Долно Лисиче.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје веднаш интервенирала и го локализирала пожарот, спречувајќи уште поголема штета на околните автомобили.

„Повредени лица нема, а полициски екипи веќе извршија увид на местото на настанот за да се утврдат причините за пожарот“, велат од МВР.

Материјалната штета е видлива, а истрагата треба да покаже дали станува збор за неисправна инсталација на првото возило или пожарот бил подметнат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни