Свет

Норвешка му ги предаде документите за признавање на палестинскиот премиер

Норвешка му ги предаде документите за признавање на палестинскиот премиер

Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде на палестинскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед Мустафа му врачи дипломатски документи кои го симболизираат признавањето на државата Палестина, јавува Анадолија.

Еспен Барт Еспен се сретна со Мустафа во Брисел, главниот град на Белгија.

Норвешкиот министер за надворешни работи на средбата му врачи на палестинскиот премиер дипломатски документи кои го симболизираат признавањето на државата Палестина од страна на Норвешка.

Граници од 1967

„Признавањето на државата Палестина ни значи многу. Ова е најважното нешто што може да се направи за палестинскиот народ“, рече Мустафа.

Шпанија, Норвешка и Ирска на 28 мај објавија дека ќе ја признаат Палестина во границите од 1967 година, во согласност со меѓународното право и релевантните резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни