Свет

Нов напад на американската база, по ударот одекнала експлозија

Нов напад на американската база, по ударот одекнала експлозија

Американската воена база во Харир во северен Ирак била нападната од вооружен дрон, јавува ирачкиот ТВ канал Рудав.

„Дронот падна и експлодира во базата Харир во Ербил“, се вели во соопштението на ТВ каналот.

Харир, како и другите американски бази во Ирак и Сирија, неодамна беше неколкупати нападнат, за што одговорноста ја презедоа вооружените шиитски групи кои дејствуваат во Ирак.

Претходно, ирачкиот премиер Мохамед Чиа ал Судани нареди да бидат пронајдени и казнети оние кои организираат напади врз американските воени бази. пренесува Ria.ru.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни