Македонија

Нов состанок во 14.30 меѓу СОНК и МОН

Нов состанок во 14.30 меѓу СОНК и МОН

Синдикатот за образование и наука денеска на нова средба во Министерството за образование и наука.

Според информациите, тие ќе се сретнат во 14 часот и 30 минути.

На средбата ќе се разговара за процентот на зголемување на платите. По завчерашната, Синдикатот соопшти дека на средбата закажана за денеска очекува да се постигне конечно усогласување на ставовите за ова прашање.

Синдикатот го организираше штрајкот со барање веднаш да се зголемат платите на вработените во образованието и градинките за 18,4 проценти, односно да се усогласат со порастот на минималната плата, која од март е зголемена од 15.200 на 18.000 денари, и дополнително – минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места. Покрај процент за зголемување на платите, на преговарачката маса се и колективните договори во дејностите што ги покрива Синдикатот.

СОНК најпрво одби 10 отсто зголемување на платите на вработените во градинките и во образовните установи, а членството на Синдикатот не ги прифати ни 12 проценти покачување што ги понуди Владата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни