Австралија ќе воведе закон кој ќе ги принуди главните социјални медиуми да даваат детали и податоци за корисниците кои објавуваат клеветнички коментари, изјави денеска премиерот Скот Морисон.
Владата го разгледува степенот на одговорност на платформите како Твитер и Фејсбук за клеветнички материјали објавени на нивните сајтови.
Ова доаѓа откако највисокиот суд во земјата пресуди дека издавачите можат да бидат одговорни за јавни коментари на форумите на интернет.
Пресудата поттикна некои новински компании, како што е Си-Ен-Ен, да им забрани на Австралијците пристап до нивните Фејсбук страници.
„Тие го создадоа просторот и мора да го направат безбеден“.
„Онлајн светот не треба да биде Дивиот Запад, каде ботови, фанатици, тролови и други анонимно одат наоколу и можат да им наштетат на луѓето“, рече Морисон на брифингот со новинарите.
„Тоа не може да се случи во реалниот свет, така што нема причина да се случи ниту во дигиталниот свет“.
Новиот закон ќе воведе механизам за жалба.
Ако некој мисли дека е клеветен, малтретиран или нападнат на социјалните мрежи, ќе може да бара од платформата да го отстрани материјалот.
Доколку содржината не се повлече, тужбата би можела да ја принуди платформата на социјалните мрежи да даде детали за коментаторот.
„Дигиталните платформи мора да ги имаат вистинските процеси за да овозможат отстранување на оваа содржина“, рече Морисон, заклучувајќи:
„Тие создадоа простор и мора да го направат безбеден, а ако не го направат тоа ќе го направиме преку вакви закони.
