Свет

Нов Зеланд прогласи вонредна состојба

Нов Зеланд прогласи вонредна состојба

Владата на Нов Зеланд прогласи национална вонредна состојба само трет пат во својата историја, откако циклонот Габриел предизвика поројни поплави, лизгање на земјиштето и огромни бранови низ Северниот остров.

„Времето е без преседан и во голема мера влијае на поголемиот дел од Северниот остров“, рече министерот за управување со вонредни состојби, Киеран МекАнулти. Национална вонредна состојба беше прогласена само два пати претходно – по земјотресот со јачина од 6,3 степени во Крајстчерч во 2011 година и во раните денови на пандемијата на коронавирус.

Циклонот Габриел зафати област на околу 100 километри североисточно од Окленд и ги опустоши помалите острови, но постепено се движи југо-запад. MetService објави дека обилните врнежи во областа Окленд веќе поминале, но сега ќе го зафатат јужниот дел на островот.

Циклонот донесе силен дожд, предизвика поплави и силен ветер низ Северниот Остров, поради што жителите на бројни помали крајбрежни градови беа евакуирани. Поставени се центри за евакуација низ целиот Северен Остров. Многу жители се без струја, патиштата се затворени, а некои градови се целосно отсечени од остатокот од островот.

Локалните медиуми објавија фотографии на кои се гледа како жителите седат на покривите на станбените згради опкружени со вода, потоа куќи во подножјето на ридот кои исчезнале под одрони и патишта под вода.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни