Граничната област меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина во средата повторно беше погодена од умерен земјотрес, со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил недалеку од Никшиќ, каде во вторникот вечерта бил регистриран и земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.
„Земјотресот во 12 часот и 40 минути беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, се наоѓаше на длабочина од 15 километри, а по него следеше уште еден послаб, со јачина од 2,8 степени“, соопшти Црногорскиот сеизмолошки завод, додавајќи дека земјотресот може да предизвика помала материјална штета.
Областа кон средината на март беше погодена од силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата скала, по што следеа триесетина помали. Тогаш е евидентирана и помала материјална штета.
Во април 1979 година, Црна Гора беше погодена од катастрофален земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала, во кој загинаа 101 лице.
#Earthquake 27 km NE of #Bileća (Bosnia & Herzegovina) 3 min ago (local time 12:40:44). Colored dots represent local shaking & damage level reported by eyeswitnesses. Share your experience via:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/LY0G6pzxpE pic.twitter.com/4V9IYCxsiP— EMSC (@LastQuake) April 3, 2024
