Македонија

Нов земјотрес во Албанија, почувствуван и во западниот дел од земјава

Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во 23:15 часот во западните делови од државата.

Епицентарот на земјотресот е 115 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Серија на земјотреси, но со помал интензитет, биле почувствувани и во западниот и јужниот дел на Грција, односно на островите Крит и Закинтос.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни