Руски воен транспортен авион Ил-76 се урна денеска во областа Белгород во Русија, која граничи со Украина.
Авионот се урнал во областа Корочани, јавија руските медиуми, без да ја прецизираат причината за падот. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како огромен авион ненадејно ја губи висината, а потоа експлодира.
Руското Министерство за одбрана тврди дека во авионот имало 65 украински воени заробеници, од кои сите загинале во несреќата. Тие тврдат дека руските сили ги префрлале на место каде што ќе бидат разменети за руски затвореници. Авионот превезувал 74 лица, меѓу кои шест членови на екипажот и тројца чувари, кога се урнал, соопшти руското Министерство за одбрана.
Украинската воена разузнавачка служба (ХУР) во средата соопшти дека Москва не побарала од Киев да обезбеди воздушен простор во областа на јужниот руски град Белгород, каде што се урна руски воен транспортен авион, како што правеше Русија во минатото за време на размената на затвореници.
Russian Il-76 airlifter crashed in Belgorod region of Russia, Russian media report.
There has been no official information.
Ukrainian Defense Ministry cannot confirm at the moment whether the aircraft has been shot down by Ukrainian Defense Forces – information is being… pic.twitter.com/Cev5nrZYSr
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 24, 2024
Украинската воена разузнавачка служба на комуникациската платформа „Телеграм“ соопшти дека руските обвинувања дека Киев во средата соборил воен транспортен авион во регионот Белгород, во кој се наоѓале 65 заробени украински војници кои требало да бидат разменети за руски, може да бидат „планирани“. да ја дестабилизира ситуацијата во Украина и да ја намали меѓународната поддршка за Украина“.
Украинската служба објави и дека нема веродостојни информации за патниците на соборениот авион.
На видеата објавени на Телеграм, потврдени од Ројтерс, се гледа како авионот паѓа во близина на селото Јаблоново во регионот на Белгород, пред да експлодира.
Украинската воена разузнавачка служба на Телеграм објави дека е планирана размена на украински и руски воени заробеници и дека Киев ги исполнува сите услови, но Москва не информира за бројот на авиони што ги превезуваат затворениците, ниту за нивните рути.
– Во исто време, украинската страна не беше информирана за потребата да се обезбеди безбедност на воздушниот простор на територијата на градот Белгород на одреден временски период, како што беше направено претходно – додаваат од службата.
Нова мистерија – големи предмети паѓаат од авиони?
Според локалните извештаи, и како што се гледа на одредени снимки на кои наводно се гледа падот, биле видени големи предмети како паѓаат од рускиот воен авион Ил-76 непосредно пред да се урне.
The official version of the Russian Federation regarding the crash of Il-76 on January 24, 2023, is reduced to the following position:
The airplane carried Ukrainian prisoners of war who were to be delivered for exchange (192 for 192).
▪️ This version is illogical, and here is… https://t.co/iHNEthUlAf
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 24, 2024
Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, исто така тврди дека „неколку големи предмети“ паднале од Ил-76 пред инцидентот. Не е јасно кои се предметите.
Герашченко рече дека извештаите укажуваат дека местото на несреќата веднаш било блокирано, а на локалните жители им е забрането да го посетат местото на несреќата.