Балкан

Новак Ѓоковиќ денес ги крштеваше своите деца во манастирот Острог: Еве зошто чекаше до сега

Новак Ѓоковиќ денес ги крштеваше своите деца во манастирот Острог: Еве зошто чекаше до сега

Децата на Новак Ѓоковиќ, Тара (6) и Стефан (9), денеска беа крстени во манастирот Острог.

Церемонијата ја изврши патријархот Порфирије, во присуство на членови на семејството Ѓоковиќ и кумовите. Како што налагаат обичаите, Тара и Стефан биле облечени во бела облека.

Новак Ѓоковиќ никогаш не криел колку му значи верата и колку Бог му помага да го достигне врвот и да освои се, токму затоа  сите се прашуваа зошто неговите деца Стефан и Тара уште не се крстени?

Мистеријата околу оваа ситуација ја разреши Дијана Ѓоковиќ, мајката на Новак.

Според неа, нејзиниот син и снаа сакале децата уште малку да пораснат за да разберат што всушност значи овој чин.

-Секој би го ставил успехот над духовниот мир. Новак пак е премногу благодарен за се што постигнал. Се тоа е вонземско. Тој се држи до своите принципи и верувања, што го прави човек, што го прави токму тоа што е, изјави Дијана. Таа нагласи дека Новак го носи осветениот крст што го добил на Хиландар, и тој му дава сила. Тој поминал три дена на Света Гора и тоа е многу важно искуство за него, вели Дијана.

-Тој е навистина духовно суштество, се крсти од кога имаше пет години и сериозно го сфати тој чин, изјави мајката на српскиот тенисер, и додаде дека Ноле токму затоа и сакаше да ги крсти децата кога ќе бидат довлно свесни да знаат што значи тој чин.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни