Новак утеши расплакана девојка во Париз, Французите пишуваат: „Ризично е да се биде навивач на Ѓоковиќ“

Со уште еден потег по освојувањето на турнирот во Париз, Новак Ѓоковиќ покажа колку е голем човек без разлика на се.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Париз победувајќи го Григор Димитров, но и публиката со која неколку пати беше во конфликт.

По победата, Новак им пријде на своите фанови за да ја прослави титулата, но една девојка не можеше да ја пробие масата навивачи и за малку беше прегазена, а потоа почна да плаче затоа што не можеше да и се приближи на омилениот спортист.

Ѓоковиќ забележал што се случува и како девојката е заробена во стампедото на обожавателите, и пришол и ја прегрнал.

Сајтот welovetennis.fr ја објави оваа вест со наслов „да се биде навивач на Ѓоковиќ е ризично, за влакно е избегната трагедија“.

Не е првпат нашиот тенисер каде и да се појави да предизвикува големо внимание и секој пат да ги освојува фановите.