Балкан

Новак во мисијата за ослободување на киднапираното момче: Израелците го молат Ѓоковиќ за помош

Новак во мисијата за ослободување на киднапираното момче: Израелците го молат Ѓоковиќ за помош

Киднапираното момче е голем фан на српскиот тенисер

Војната меѓу Израел и Палестина не стивнува, а жртвите од овој тежок конфликт постојано се зголемуваат. За време на нападот на Хамас на територијата на Израел, многу луѓе беа киднапирани, а израелскиот амбасадор Јахел Вилан побара помош од Новак Ѓоковиќ.

Имено, на 9 октомври Хамас киднапираше момче по име Охад. Тој го слави својот 9-ти роденден, а важи за голем фан на српскиот тенисер.

Јахел Вилан во оваа прилика на својот официјален „Х“ профил објави фотографија од момче кое држи рекет и го повика Ѓоковиќ на помош.

– Ова израелско момче по име Охад е твој голем обожавател. Тој е многу љубител на спортот и игра тенис неколку пати неделно. За жал, повеќе не. Тој беше киднапиран од терористите на Хамас на 7 октомври. Денеска му е 9-ти роденден и веројатно е сам во некоја темна соба во Газа. Би сакале да му испратите роденденска честитка и да го поддржите безусловното ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас, вклучително и повеќе од 30 бебиња и деца – рече израелскиот амбасадор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни