Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.843 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на Ковид- 19 во Скопје – 88, Кавдарци – 10, Велес – 7, Прилеп – 6, Охрид и Крива Паланка – по 4, Куманово и Битола – по 3, Гостивар и Кичево – по 2, Демир Хисар – 1.
Регистрирани сe 423 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа починале 6 лица: 2 починати лица од Куманово (63г и 68г) и по едно починато лице од Скопје (77г), Тетово (85г), Крива Паланка (27г) и Струмица (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132 бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи изнесува 6.658.
Досега во земјата се направени вкупно 1.326.737 тестирања на Ковид-19.