Македонија

Нови 316 случаи со Ковид-19, починати 11 лица

Во последните 24 часа се направени 1.562 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 164, Прилеп – 34, Куманово – 16, Кавадарци и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гостивар – 10, Охрид – 9, Велес – 8, Гевгелија – 7, Штип – 6, Струмица, Струга и Кочани – по 5, Виница и Богданци – по 2, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Радовиш – по 1.

Регистрирани се 681 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (76,81г,79г,62г), по 2 пациенти од Прилеп (77г, 66г) и Крушево (55г,76г) и по 1 пациент од Штип (65г), Битола (85г) и Охрид (59г). Сите единаесет пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, бројката на оздравени пациенти е 95.410, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863.

Досега во земјата се направени вкупно 544.816 тестирања на Ковид-19.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни