Во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 274, Прилеп – 79, Кавадарци – 55, Тетово – 39, Куманово – 34, Охрид – 29, Гевгелија – 26, Неготино – 25, Велес -24, Штип -20, Гостивар -18, Битола -16, Струмица – 13, Кочани – 12, Струга и Крива Паланка – по 11, Богданци – 6, Крушево – 5, Ресен – 4, Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија – по 3, Кичево – 2, Берово – 1.
Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се 215 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (85г, 78г, 72г, 64г) и Куманово (70г, 63г, 57г, 50г) и по еден пациент од Тетово (66г), Прилеп (72г), Битола (71г), Велес (75г) и Пробиштип (83г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.
Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19.