22-годишната кумановка починала на приватна забава, а обвинителството и полицијата треба да откријат дали девојката починала од струен удар.
Имено, според соопштението на МВР девојката излегла од базен и го земала телефонот кој и бил приклучен на полнач, а потоа паднала по што снемало струја во објектот.
Телото е предадено на обдукција која треба да ги утврди точните причини за смртта, а според Телма, земени се и изјави од сведоците на настанот.
Сведоците истакнале дека биле на моминска прослава на која учествувале само жени во луксузен спа центар во хотел со 5 ѕвездички во Старата скопска Чаршија.
По инцидентот е повикана полиција и итна помош, каде е констатирана смрт на девојката, а наскоро се очекува и полицијата и обвинителството да излезат со соопштение.