Нови измени во Македонија: Со регистрација на автомобил ќе мора да извадите и зелен картон

Усогласувањето на нашите закони со европските директиви ќе донесат дополнителни трошоци при регистрацијата на возилата.

Зелениот картон од оваа година ќе биде задолжителен за секој сопственик на возило и ќе биде составен дел од полисата за автоодговорност. Оваа новина се очекува да биде имплементирана до најдоцна до крјаот на годинава.

Се вчитува...

За ова веќе потврда даде и првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски, кој тврдеше дека дека ќе има промени во цената на задолжителната полиса односно формирањето на цената ќе се либерализира.

„Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година веќе новиот закон да добие светло, рече Попоски во интервју за МИА.

Извор: ТВ21