Македонија ја очекува уште еден екстремен топлотен бран во наредните седум дена, со температури кои на моменти ќе достигнат до рекордни 44°C. Сончевото и суво време ќе доминира, а освежување не се очекува ниту во ноќните часови.
На 18 јули (петок), времето ќе биде претежно сончево со минимална температура од 10°C и дневен максимум од 34°C.
Веќе во сабота (19 јули) ќе започне поинтензивно загревање, со утрински 14°C и дневни 37°C. Во недела (20 јули), топлината ќе се засили и термометрите ќе покажат до 40°C.
Најекстремните температури се предвидуваат за понеделник и четврток. На 21 јули (понеделник) и 24 јули (четврток) дневните температури ќе достигнат до 44°C, додека на 22 и 23 јули (вторник и среда) ќе се задржат околу 42–43°C.
🌞 Совет за граѓаните: Внимавајте на високите температури, особено во периодот од 11 до 17 часот. Пијте многу течности, избегнувајте физички напори на отворено и користете заштита од сонце.