Македонија

Нови цени на горивата – полнете резервоари

Како и секоја недела, таа и и утре напладне, Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од торник од полноќ.

Минатата недела малопродажните цени на бензините и дизелот останаа непроменети.

Според одлуката малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) останаа на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 25 јануари 2021 година.

Максималните цени на нафтените деривати, како и изминатата недела изнесуваат 61 денар за литар Еуросупер БС-95, 63 денари Еуросупер БС-98, 52 денара Еуродизелот. Новата малопродажна цена на  Екстра лесното изнеусва 41 денар, а малопродажната цена на мазутот се зголеми за 0,168 денари за килограм и изнесува 31,436 денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни