Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека не е сигурен дали да го депортира Елон Маск, објави дописничката на „Дејли меил“ Емили Гудин за X.
„Го прашав претседателот Трамп дали би го депортирал Елон Маск, а тој рече дека ќе мора да го разгледа тоа“, објави Гудин.
Подоцна таа го објави одговорот на Трамп на прашањето дали би го депортирал Маск.
„Не знам. Ќе треба да видиме. Можеби ќе треба да испратиме ДОЏ кај Илон. Дали знаете што е ДОЏ ? ДОЏ е чудовиште кое можеби ќе мора да се врати и да го изеде Илон“, рече Трамп.