Новинарите кои биле во Собранието на 27 април минатата година, односно на „крвавиот четврток“, ќе ја тужат државата и ќе бараат надомест на штета. Боби Христов, кој е еден од иницијаторите, вели дека разговараат со правен тим со цел тужбата да се прошири и за други основи, всушност да се утврди одговорноста на поединци кои со преземање или непреземање на одредени дејства допринеле да се случат насилствата.
Вели дека и покрај тоа што дел од трошоците ќе треба да ги покријат самите тие, ќе одат до крај. Горан Трпеноски, со став дека во иницијативата треба да се вклучат сите новинари кои тој ден биле внатре и надвор од Собранието, вклучувајќи ги и вработените во законодавниот дом.
Новинарите-иницијатори велат дека времетраењето за поднесување на тужбата ќе зависи од мобилизирањето на сите оние кои сакаат да ѝ се приклучат на иницијативата.
РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ
