Македонија

Новиот закон ги задржува сите вработени, ВМРО-ДПМНЕ сака да ги „тргне од врат“ обвинителите од СЈО

Новиот закон кој го уредува идниот статус на СЈО веќе се наоѓа во Собрание, но власта и опозицијата никако да најдат заеднички јазик.

Втората верзија на предложениот закон од владата, во членот 106 предвидува СЈО да се претопи во Обвинителството за организиран криминал и висока корупција, барање на ВМРО-ДПМНЕ од каде не прифаќаат СЈО да биде посебно обвинителство.

Истиот овој член предвидува надлежностите и постапките кои се веќе започнати од СЈО да продолжи да ги води Новото обвинителство почнувајќи од фазата во која ги имаат добиено предметите.

Ова, како што велат од Министерството за правда, се однесува и на другите предмети кои се во истражна постапка, а кои се уште не се изнесени пред суд, по одлуката на Врховен дека од 30 јуни 2017 СЈО веќе не е овластен обвинител.

ВМРО-ДПМНЕ јавно изјави дека случаите кои во моментов се во судски процес треба да продолжат без никакви пречки, но не се јасни дали сакаат и предметите кои се во истражна фаза да ги наследи новото обвинителство.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не сакаат актуелните обвинители на СЈО да преминат во Новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција. Ова барање го базират на член 9 од законот за СЈО каде се вели дека “Мандатот на јавните обвинители не може да го надмине мандатот на јавниот обвинител“.

Но, поинаку предвидува предлог законот на власта. Со член 107 се предвидува сите актуелни вработени на СЈО да бидат задржани.

Член 107 од предлог законот на ЈО

(5) Јавните обвинители од СЈО продолжуваат да ја вршат функцијата како јавни обвинители во Обвинителството за следење организиран криминал и висока корупција во до истекот на 5 години од денот на нивниот избор.

(7)Вработените од  СЈО се прераспоредуваат во Обвинителството за следење криминал и висока корпуција на соодветни работни места со претходните.

(8) Истражителите на СЈО продолжуваат со своите активности во Обвинителството за следење криминал и висока корупција

Министерката за правда Дескоска рече дека доколку овој закон не се донесе, ќе разгледаат другии опции, како измени во законот за совет на обвинители кој се носи со просто мнозинство а преку кој може да се одблокира состојбата.

Од партијата на Мицкоски најавија дека во Собранието  ќе достави амандмани за предлог законот за Обвинителство.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни