Претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев вели дека наскоро ќе се оценува обвинението за организаторите на крвавата ноќ на 27 април 2017. Обвинението за организаторите неколку пати е испратено до Советот за оценување, но адвокатите побарале изземање на судиите кои биле дел од предметот. Џолев рече дека судот делувал внимателно за барањето за изземање, за да нема никаков сомнеж за пристрасност од судиите.
Џемаил Саити, претседател на Здружението на судии, на конференција за зајакнување на капацитетите на Судско медиумскиот совет, рече дека разрешувањето и изземањето на судии влијае и врз капацитетите на судовите.
Во обвинението за организаторите на 27 април, Обвинителството за организиран криминал и корупција, до Кривичен достави обвинение против екс-претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, екс министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски. Обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
