Македонија

Ново поскапување на струјата во Македонија

Ново поскапување на струјата тропа на врата. Најавите се дека сметките за македонските граѓани веќе од јули би можеле да бидат за 10% повисоки. Како една од причините за ова поскапување се наведуваат злоупотреби од страна на општините. Првиот човек на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, посочува дека општините за да ги намалат трошоците за улично осветлување, формирале јавни претпријатија, преку кои цената на струјата ја плаќале како домаќинства. Со тоа за четири месеци направиле трошок од над 30 милиони евра. Тој трошок ќе значи 10 проценти зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните. Се бара начин како овој товар да не удри по џебот на граѓаните.

„Тој трошок Регулаторната комисија за енергетика сега ќе го префрли назад кај сите тие општини“, порача Бислимоски.

Читај повеќе на DW

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни