Ново убиство ја потресе Македонија: Со нож избоден до смрт сопственик на кафеана во Кичево

64-годишниот М.С. сопственик на кафеаната „Гурман“ во Кичево, е пронајден мртов во сопствениот локал денеска околу 17 часот. Починатиот бил избоден со нож, откако неофицијално претходела кратка расправија со напаѓачот.

Полицијата ги испитува мотивите за убиството, а увид на местото на настанот изврши и јавен обвинител.

Се вчитува...

„Денеска во 17,20 ч. телефонски во ПС-Кичево e пријавeно дека во угостителскиот објект „Гурман“ на ул.„Борис Кидрич“ e пронајден прободен со нож сопственикот на објектот М. С.(64) од Кичево.Смрт е кoнстатирана од Итна медицинска помош. На местото на настанот излегле полициски службеници и јавен обвинител. Увидот е во тек“, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Ова е уште едно убиство кое што за два дена ја потресе Македонија. Вчера во скопската населба Ѓорче Петров беше убиен 38-годишен маж, а синоќа во Прилеп се случи уште едно убиство во кое настрада 33-годишна жена од страна на својот партнер, и тоа пред нејзиниот 10-годишен син.

Извор: ТВ21