Новогодишна честитка од институциите, блокирана сметка на лице со церебрална парализа

Новогдишната честитка од институциите за Кире Јаневски кој е лице со церебрална парализа од село Драчево и зема нега од 4 300 денари. Неговата сметка е блокирана од пред еден месец. За него се грижи неговиот брат Аце Јаневски. Така е изминативе шест години. Еден месец пред Нова Година го блокираат, па дури во март , април продолжува да добива нега, без исплаќање на заостанатите примања.

„Лицето кое прима пари на сметка е во работен однос, ова лице не работи никаде , не е способен, овде имаме контролно мсилење дека лицето е неспособно. Нема кој да се грижи освен јас, нема ни мајка, ни татко, нема кој да се грижи освен јас. Го оставија без пари за Нова Година и Божиќните празници.  За ова лице нема кој да се грижи освен јас“ изјави Аце Јаневски.

Се вчитува...

Покрај тоа што сметката му е блокирана, треба да плати и данок од 8 245 денари на Град Скопје, бидејќи се води како корисник на земјиште за кое нема имотен лист.

„Сега детето го оставија без пари, јас треба да му гледам се, да му плаќам лекови, да го одржавам , да го облечам. Јас сум му и мајка и татко .Самиот градоначалник треба да види дека вакави лица кои примаат туѓа нега, не смеат да се блокираат законски, они го прават законски. За нив не постои тоа, му блокира сметка, го остава на цедило и готово“, додаде Аце Јаневски.

Аце Јаневски со 12 000 денари се грижи за сопругата и децата и братот Кире кој не ги добива и оние 4 000 денари што ги добивал 31 година, со исклучок на последните шест месеци и тоа со прекини. И покрај жалбите и барањата до иституциите ни претходните ни актуелните немаат слух, вели Јаневски. ТВ21 ги контактираше Град Скопје и Министерствто за Труд и социјала, но засега одговор немаме.

РЕПОРТЕР: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА

Извор: ТВ21