Новогодишна прослава во Скопје: Многу граѓани 2019-тата ја дочекаа на плоштад

Многу граѓани одлучија Новата година да ја дочекаат во Центарот на Скопје. Оние кои излегоа за да бидат дел од новогодишната еуфорија, најпрвин посакаа здравје, додека други пак изразија надеж новата година да биде нов чекор кон Европската унија.

На полноќ собраните граѓани уживаа и во огномет.

Се вчитува...

Новогодишната програма започна во 20 часот, а траеше до еден по полноќ.

Годинешниот дочек во центарот на градот помина мирно и без инциденти.

Репортер: Африм Јонузи

Извор: ТВ21