Свет

Нуклеарно оружје: Високи руски воени претставници разговараа како и кога да го користат

Нуклеарно оружје: Високи руски воени претставници разговараа како и кога да го користат

Високи руски воени претставници разговараа за тоа како и кога нуклеарното оружје може да се користи во Украина . Ова го тврдат два извори на американската телевизија CBS.

Разговорот се одржа во средината на октомври, но во него не учествуваше претседателот Владимир Путин.

По медиумското објавување, Белата куќа соопшти дека во последните месеци расте загриженоста за потенцијално нуклеарно сценарио, но посочи дека засега нема знаци дека Русија се подготвува да го спроведе.

Покрај тоа, Вашингтон планира да се консултира со Обединетите нации за можни санкции против Пјонгјанг.

„Имаме информации дека, и покрај јавните негирања, Северна Кореја и снабдува на Русија значителен број артилериски гранати и дека ја прикрива вистинската дестинација на воените пратки за да изгледа како да одат во земји на Блискиот Исток или Северна Африка“, изјави Нед Прајс, портпарол на американскиот Стејт департмент.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни