Со огелд на енергетската криза, најверојатно ќе има зголемување на аерозагадувањето, потенцираше денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тој упати апел до граѓаните да водат грижа, како ги загреваат домаќинствата, односно да не користат материјали кои ја загадуваат животната средина.
-Ние ќе увезуваме мазут и јаглед, најмалку што бараме е да се почитуваат стандардите за мазутот и јагленот што ќе го увезуваме. Свесни сме дека институциите – болните, градинките, училиштата..се најголеми загадувачи. Најверојатно оваа зима ќе има покачување на аерозагадувањето, изјави Нуредини.
„Разбирам дека е тешко време, но апелирам до сите да внимаваме со што се грееме, колку грееме и да бидеме енергетски поефикасни“, дополни Нуредини.