Балкан

Обединети за победа на Србија: Опозицијата има мнозинство во Белград

Обединети за победа на Србија: Опозицијата има мнозинство во Белград

Шефот на белградскиот изборен штаб на коалицијата „Обединети за победа на Белград“, Бане Кузмановиќ вечерва соопшти дека опозицијата има мнозинство во Белград.

„Кога велам опозиција, мислам на коалицијата Обединети за победа на Белград, коалицијата Мораме и коалицијата НАДА“, рече Кузмановиќ.

Како што наведе, на некои избирачки места во главниот град на Србија изборите траеле речиси до 22 часот, бидејќи во текот на денот „луѓето биле запрени и не можеле да ја вршат својата граѓанска должност, а гласањето било прекинато 10, 15 минути“.

Според прелиминарните резултати на коалицијата „Обединети за победа на Белград“, како што изјави Кузмановиќ, во главниот град на Србија на гласање излегле над 925.000 граѓани.

„Резултатите се прелиминарни, но таква е тенденцијата што ја имаме во моментов“, изјави Кузмановиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни