Балкан

Обид за силување во хостел, осомничен Непалец! Драматичен настан во Загреб

Обид за силување во хостел, осомничен Непалец! Драматичен настан во Загреб

Жена се појавила на рецепција во загребски хостел и рекла дека била жртва на обид за силување, по што била повикана полиција.

Кога полицајците пристигнале во хостелот, се испоставило дека жртвата е всушност маж, странски државјанин, облечен во женска облека.

Жртвата ѝ го опишала на полицијата настанот што се случил во просторијата што ја дели со 24-годишен државјанин на Непал, кој потоа бил приведен, пренесува Н1.

Утврдено е дека 24-годишникот има проблеми со алкохолот и дека претходно бил пријавуван за развратни дела.

Истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб на 24-годишникот му изрече едномесечен притвор поради опасност од бегство и повторување на делото.

Во Хрватска престојувал врз основа на тримесечна дозвола за престој која важела до петок. По завршувањето на судската постапка и излегувањето од затвор тој ќе биде протеран од државата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни