Обилните врнежи од дожд и снег на високите места, кои почнаа вчера, предизвикуваат проблеми со движењето на места во Западна Грција. Повеќе области од регионот на Западна Македонија и Епир беа покриени со снег, поради што на места е неопходно да се користат синџири на автомобили, јави АНА-МПА.
Грчката полиција извести дека ланци се потребни во реоните на Гревена и Касторија, како и на одделни делници од автопатот „Игнација“ и патните правци Гревена – Трикала, Касторија – Јанина итн.
Посериозна е состојбата на островите Закинтос и Кефалонија, како и во градот Патра, кои се зафатени од пороен дожд. Како што јави телевизијата Скај, службите за цивилна заштита на Закинтос добиле 20 пријави за проблеми и испумпување на водата, а 12 лица се преместени на безбедно. По патната мрежа има одрони. Училиштата на островот денеска ќе останат затворени, а граѓаните се повикуваат да го ограничат движењето без итна потреба.