Две лица сè уште се борат за живот по масовниот напад со нож во воз помеѓу Донкастер и Лондон синоќа, соопшти британската полиција.
Двајца сè уште се во критична состојба, напаѓачите се идентификувани
Нападот се случил во 18:25 часот по локално време во воз на Лондонската североисточна железница (LNER) кој сообраќал од Донкастер во Јужен Јоркшир до Лондон Кингс Крос. Полицијата соопшти дека десет лица се повредени, од кои девет имале повреди опасни по живот. Четворица оттогаш се пуштени од болница, додека двајца се уште се во критична состојба.
Надзорникот Џон Лавлес изјави на прес-конференција на станицата Хантингдон дека „во рок од осум минути од повикот на 999, двајцата мажи биле уапсени“.
„Тие се 32-годишен маж, црн британски државјанин и 35-годишен маж со карипско потекло. И двајцата се родени во Обединетото Кралство и се уапсени под сомнение за обид за убиство“, рече Лавлес.
Тој додаде дека во моментов „нема ништо што укажува дека станува збор за терористички напад“. Истрагата ја води Британската транспортна полиција, во соработка со антитерористичките единици, кои помагаат во утврдувањето на околностите и мотивите на нападот.
WARNING: This post describes a suspected terrorist incident involving mass casualties.
— True Crime Updates (@TrueCrimeUpdat) November 2, 2025
A suspected terror attack on a train near Huntingdon, Cambridgeshire, left 10 people with knife wounds on Saturday night.
British Transport Police were called to the LNER train (the 6:25 pm… pic.twitter.com/mClHzEolLA
Според патниците, напаѓачот почнал да ги боде луѓето на случаен избор откако возот поминал низ Питерборо во Кембриџшир. Полицијата добила повеќе повици од возот околу 19:40 часот и возот набрзо бил запрен на станицата Хантингдон, на околу 15 минути од Питерборо.
Вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот, се качиле во возот и привеле двајца осомничени. Сведоците рекле дека полицајците користеле тејзер за да го совладаат еден човек кој држел нож.
На местото на настанот биле повикани повеќе служби за итни случаи, вклучително и хеликоптер. Полицијата проценила дека инцидентот траел помеѓу 10 и 15 минути. Неповредените патници биле испрашувани, а некои биле однесени во Лондон со автобус.
Пратеникот од Хантингдон, Бен Обез-Џекти, изјави за Би-Би-Си дека пристигнал на местото на настанот и нашол „дузина амбулантни возила, неколку противпожарни возила и повеќе од 20 полициски автомобили“. Железничката станица и блискиот пат A1307 останале затворени во недела наутро, додека возот останал на перонот под полициски надзор.
Two Islamists have been arrested after a stabbing up to 10 people on a train in Huntington, Cambridgeshire.
— British Muslim Network (@BritMuzNet) November 2, 2025
We at British Muslim Network condemn this terrorist attack and ask the Government to provide us with more funding to tackle Muslims
Akeela pic.twitter.com/VMdAAnaMH0
Сведоците за Би-Би-Си опишаа сцени на паника и хаос во вагоните, додека патниците трчаа и се обидуваа да избегаат од напаѓачот. „Слушнав некој како вика „бегајте, човекот буквално прободува сè и секого“, мислев дека е шега за Ноќта на вештерките“, рече Оли Фостер. Тој видел постар маж со рани на главата и вратот кој се обидел да ја заштити девојката од напаѓачите, додека другите патници се обидувале да го сопрат крварењето со своите јакни.
Друг сведок, Врен Чемберс, рече дека едно лице било прободено во раката и трчало низ возот за да ги предупреди другите патници, додека некои избегале во паника кон предниот дел од возот, а други се скриле во тоалетите.
Вработениот во лондонското метро, Дин Мекфарлан, рече дека видел неколку луѓе како трчаат крвави и преплашени на перонот на станицата Хантингдон, вклучувајќи и човек во бела кошула „целосно покриен со крв“.
Премиерот Кир Стармер го нарече нападот „ужасен“ и „длабоко загрижувачки“. Полицијата сè уште ги истражува сите околности на инцидентот.