Објавени добитниците на Нобеловата награда за мир

Објавено е името на добитникот на овогодинешната Нобелова награда за мир.

Тоа се Алес Бјалијатски, белоруски активист и борец за човекови права и две организации за човекови права, руската организација за човекови права Меморијал и украинската организација Центар за граѓански слободи.

Се вчитува...

Годинава имаше вкупно 343 тајни номинации.

Илјадници луѓе ширум светот можеа да номинираат кандидати за наградата до 31 јануари, вклучувајќи пратеници и министри од сите земји, поранешни лауреати и некои универзитетски професори.

Членовите на Нобеловиот комитет исто така можеа да ги предложат своите кандидати на нивниот прв состанок, кој оваа година се одржа веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Нобеловата награда за мир минатата година им беше доделена на борците за слобода на медиумите – Марија Реса од Филипините, чиј портал се заканува со затворање и Русинот Дмитриј Муратов, кому му беше одземена лиценцата на весникот.