Македонија

Објавени се Конкурси за питомци и студенти на Воената Академија

Објавени се Конкурси за питомци и студенти на Воената Академија

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ објави Конкурс за запишување питомци и студенти на прв циклус студии и Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии во студиската 2025 /2026 година.

Конкурсот за запишување питомци и студенти на прв циклус студии, соопштија денеска од Министерството за одбрана, се објавува за потребите на Министерството и Армијата, како и за потребите за управување со кризи и заштита и спасување.

– Ги повикуваме сите заинтересирани млади лица кои својата иднина ја гледаат како дел од институцијата со најголема доверба кај граѓаните, идни офицери во македонската Армија, кои имаат завршено (4годишно) средно образование и не се постари од 21 година, да ги достават своите пријави заедно со потребната документацијата наведена во Конкурсот, во деловодството на Воената академија или електронски на следниов меил: upis_va@mod.gov.mk најдоцна до 20.06.2025 година, стои во конкурсот.

Сите заинтересирани кандидати за Конкурсот за втор циклус на студии, можат да се пријават најдоцна до 12.09.2025 година на следните магистерски студиски програми: Безбедност и одбрана, управување со кризи и заштита и спасување и сајбер безбедност и дигитална форензика.

Подетални информации може да пронајдете во самите конкурси кои се објавени на веб страната на Воената Академија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни