Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими во вечерашната дебата во #ClickPlus на ТВ21 каде се дискутираше за феноменот обложување, истакна дека ДУИ ќе ги преземе сите потребни активности и предлози на Законот за игри на среќа со што ќе побара обложувалниците и казината да бидат на 3km од училиштата и урбаните средини.
Во дебатната емисија, претставникот на движењето „Анти Коцкање“, Џемал Абдиу предложи 5% од добивката на обложувалниците да се насочи за развој на образованието.