Македонија

Обвинителот Бурим Рустеми ќе сведочи за „Рекет”

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Рекет” на кое треба да сведочи обвинителот Бурим Рустеми. Рустеми е трет обвинител од поранешното Специјално јавно обвинителство што се соочува со обвинетата Катица Јанева.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Судењето за „Рекет” пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни