Рускоска бара притвор за заменик претседател на Меѓународниот сојуз Скопје, Јасна Мандиќ. А за асистентката на Мандиќ, Фросина Ременски и таткото на Бојан Јовановски се бараат посебни истражни мерки.
„Врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дојде до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација“, се вели во соопштението на ОЈО.
Државниот јавен обвинител вели дека првиот дел од истрагата за „Рекет“ е завршена, се очекува обвинение.
„Истрагата во првиот дел за „Рекет“ е при крај. Обвинителката Вилма Рускоска работи на донесување јавно-обвинителска одлука. Колку што сум информиран во текот на утрешниот ден ќе селди обвинение за тој дел.“, вели Јовески.
На почетокот на минатиот месец, на распит кај Русковска за случајот „Рекет“ беа пратениците од СДСМ Фросина Ташевска Ременски и Александар Кирацоски. Ременски е почесен претседател на Меѓународниот сојуз, но по распитот кажа дека како почесен претседател на организацијата немала никаква формално-правна обврска да учествува во органите на организација и дека немало нејзино лично присуство кај облигационите односи што ги има Меѓународниот сојуз со фирми и лица.
Истрагата отворена денеска е во делот на измамите со наводна изградба на старечки домови од страна на Меѓународниот сојуз на Боки 13. Измамени се бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, кои му платиле 719.905 евра и 233.821 евра на Боки 13. Двајцата веќе беа на распит кај Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
