Обвинителството одлучи да ги преземе предметите на СЈО, Јовески за ТВ21: „Ако не ги даваат, ќе најдеме решение“

ЈО одлучи да ги преземе сите предмети на СЈО. Откако главната специјална обвинителка, Катица Јанева, за тоа го овласти републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, колегиумот на јавните обвинители донесе одлука предметите да се предадат во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое го води Вилма Рускоска.

Оваа одлука, како што пишува во соопштението на ЈО, е донесена вчера, меѓутоа специјалната обвинителка, Ленче Ристовска, денеска не знаеше која ќе биде судбината на предметите на СЈО.

Оваа изјава Ристовска ја даде откако излезе од консултативната средба во Министерството за правда, каде учествуваа и двајцата главни обвинители, Љубомир Јовески и Вилма Рускоска. И двајцата ги избегнаа новинарските прашања и излегоа од задната врата на министерството. Меѓутоа Јовески телефонски за ТВ21 одговори дека одлуката за предавање на преметите е во рацете на СЈО.

Јовески: Сега е во рацете на СЈО дали ќе ги предадат предметите.

Тв21: Што ако не сакаат да ги дадат?

Јовески: Тогаш ќе одлучиме и за тоа. Не можеме на претпоставени состојби да имаме став, како и овој пат секоја тешкотија ќе ја разрешуваме согласно прописите.

Обвинителите од СЈО се уште не кажуваат каква одлука ќе донесат за нивните предмети. Портпаролот Панта Џамбазовски, телефонски ни кажа дека за време на работното време денеска не добил барање од ЈО за преземање на предметите.

Од друга страна, професорот Гордан Калајџиев, кој е дел од консултативната група, се сомнева дека е донесена одлука за укинување на СЈО без да се дознае вистинската причина за тоа. 

На оваа средба не учествуваше министерката Рената Дескоска, туку само нејзиниот заменик, Оливер Ристовски.

Средбите имаат цел изнаоѓање на решение за тоа која ќе биде судбината на предметите на СЈО и вработените таму. Власта и опозицијата се уште без договор за новиот предлог-закон за Обвинителството. На Катица Јанева законски мандатот и истекува на 15 септември. Собраниската комисија за избор и именувања дала зелено светло за нејзино разрешување, а се очекува да се закаже пленарна седница.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното