Обвинителството во Охрид бара распит на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков како сведок околу нападот врз него и за таа цел јо ќе бара од Бугарија информација за сегашната адреса на живеење на Пендиков – јавува бугарска Нова.
Пендиков беше претепан во Охрид на 19 јануари. Според Обвинителството, делото е извршено од омраза. Вчера беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, а Обвинителството во Охрид побара од судот привремено да му го одземе пасошот за да не може да ја напушти Македонија.
Првиот напаѓач на Пендиков, Илија Спасески, од вчера повеќе не е во притвор. Судското рочиште за него е закажано за 28 февруари.