Македонија

Од 120 дена во затвор, 30 во болница – на Боки 13 му откажал бубрегот, мокри крв, без антибиотици

Бојан Јовановски е во животно загрозувачка состојба. Неговиот адвокат на наменска прес конференција рече дека од 120 дена поминати во притвор неговиот клиент 30 пати бил во болница, а во затворот не ја добивал препишаната терапија.

Намалувањето на желудникот со цел намалување на телесната тежина го донесе Бојан Јовановски во ваква состоја, додава Дуковски. 15 дена по препорака на специјалистите, е со нефункционален и зголемен бубрег и има темна мокрача и столица. Лекарот Зоран Спировски од торакална и васкуларна хирургија вели дека е неопходна хоспитализација.

Адвокатот секојдневно го посетувал Јовановски, но вели дека освен за здравствената состојба не можат да разговараат за ништо друго, ниту пак подготовка за одбрана во предметот.

Јовановски зад решетките но и на одделенијата во болниците бил дискриминиран поради неговата сексуална определба.

Здравствени проблеми има и Катица Јанева која на 3-ти декември ќе треба да се појави во судница, но овој пат на клупата како обвинета. Бојан Јовановски и Зоран Милевски веќе неколку пати досега биле во судница за различни кривични дела.

Обвинението кое Рускоска го поднесе е повеќе од 50 страници, а на половина од нив е испишана скапата гардероба и уметнички слики на Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни