Македонија

Од 16 до 21 септември ќе се одржи најновото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ и ќе биде хибриден

ИФФК „Браќа Манаки“ не е мал играч на полето на филмски фестивали. Пандемијата ги направи работите тешки за организирање, но под мотото „И покрај се“ годинава ќе се одржи Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. Отворањето на фестивалот ќе се одржи во Пациото на Музејот во Битола, програмата на фестивалот е скратена и содржи 10 долгометражни филмови и 10 кратки филмови, истакна директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Дамевски.

Дамевски ги соопшти и деталите околу наградите.

-Добитник на „Златна камера 300“  за животен опус му се доделува на австрискиот кинематографер Кристијан Берген, кој е познат по неговиот систем на осветлување кој е негов изум и кој ќе биде презентиран на Фестивалот, а Андреј Кончаловски е годинешен лауреат на специјалната награда „Камера 300“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни