Македонија

Од 22 часот нема да биде достапно плаќањето билет со телефон во јавниот превоз

Од вечер од 22 часот во автобусите за јавен превоз во Скопје нема да функционира опцијата за плаќање билет со мобилен телефон, односно валидацијата преку бројот 185.

Како што соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, прекинот на оваа услуга ќе биде привремен и заради надградба на системот за електронска наплата.

Од среда, 12 јануари, опцијата за плаќање со мобилен телефон ќе биде повторно достапна, информираше ЈСП. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни