Балкан

Од 3 ноември, во Европскиот парламент ќе се влегува само со сертификат или тест за Covid

Од 3 ноември, секој што ќе влезе во Европскиот парламент ќе треба да приложи валиден ЕУ-сертификат за КОВИД за вакцинација, болест или негативен ПЦР тест. Одредбата ги засега и европратениците и новинарите.

Мерката се однесува на зградите на Европскиот парламент во Белгија, Франција и Луксембург.

За негативен тест за Ковид-19 се смета оној кој не е постар од 48 часа и е направен во горенаведените три земји, појаснуваат од институцијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни